0_Спорт.ПорталФудбал

Видал бара шест милиони евра од Барселона за раскин на договорот

Фудбалерот за врска на Барселона, Артуро Видал, сака да добие обесштетување од клубот за предвремено раскинување на договорот.

Барселона, 6 септември 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска на Барселона, Артуро Видал, сака да добие обесштетување од клубот за предвремено раскинување на договорот.

Според „La Gazzetta dello Sport“, станува збор за шест милиони евра.

Каталонскиот клуб е подготвен да го пушти играчот бесплатно да помине низ овој преоден рок. Тековниот договор на Чилеанецот се пресметува до јуни 2021 година.

Минатиот декември, Видал побара 2,4 милиони евра неплатени бонуси од Барселона.

Претходно се дозна дека 33-годишниот играч за врска се договорил со Интер. Договорот е според шемата е 2 + 1 со плата од шест милиони евра годишно. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close