0_Web_АктуелноБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Гир на промоција на проектот „Развој на ено-гастрономскиот туризам“ во Кавадарци

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир денеска во Кавадарци ќе присуствуваат на промоција на потпроектот „Развој на ено-гастрономскиот туризам“ на „Тиквеш вински туризам“.

Скопје, 26 мај 2021 (МИА) – Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир денеска во Кавадарци ќе присуствуваат на промоција на потпроектот „Развој на ено-гастрономскиот туризам“ на „Тиквеш вински туризам“.

Настанот ќе се одржи пред Винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци, со почеток во 12:30 часот, а потоа и на винската микро-локација Барово.

– Потпроект е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансиран од Владата на Република Северна Македонија и Европската Унија, а се спроведува со поддршка од Светска банка, информираат од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи. ир/сп/

Back to top button
Close
Close