0_Web_АктуелноSvet.SlajderБалканБалкан.Портал

„Вијести“: Кривична пријава за митрополитот Амфилохије, кој шест часа бил во Центарот за безбедност во Подгорица

Против митрополитот црногорско-приморски Амфилохије е поднесена кривична пријава под сомнение дека сторил кривично дело непочитување на здравствената регулатива за борба против опасна заразна болест. Како што пренесува подгоричкиот весник „Вијести“, тој шест часа бил задржан на информативен разговор во Центарот за безбедност во Подгорица.

Подгорица, 22 јуни 2020 (МИА) – Против митрополитот црногорско-приморски Амфилохије е поднесена кривична пријава под сомнение дека сторил кривично дело непочитување на здравствената регулатива за борба против опасна заразна болест. Како што пренесува подгоричкиот весник „Вијести“, тој шест часа бил задржан на информативен разговор во Центарот за безбедност во Подгорица.

Амфилохије бил повикан во полицијата да даде изјава како граѓанин поради синоќешната црковна литија низ улиците на главниот град.

„Вјести“ наведува дека Полициската управа соопшти дека Амфилохије е осомничен дека споменатото кривично дело го сторил со организирање „јавен собир во движење“ на кој, според проценките на полицијата, присуствувале околу 8.000 граѓани, што е спротивно на мерките на Министерството за здравство за дозволениот број граѓани на јавните собири.

„Покрај тоа, против него е поднесена и прекршочна пријава за прекршување на Законот за јавни собирања и јавни настани“, објави Полициската управа, пренесе „Вијести“.

Адвокатите на митрополитот, Божо Милоњиќ и Драган Шоч, изјавија дека кривичната пријава е неодржлива и дека во постапките на митрополитот нема елементи на кривично дело.

Основното јавно обвинителство во Подгорица (ОДТ) за „Вијести“ соопшти дека државниот обвинител од граѓаните побарал собирање на потребните информации, како и собирање на други податоци потребни за да се донесе одлука. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close