0_Спорт.ПорталРезултатиСпорт.СлајдерФудбал

Виљареал на пенали ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Виљареал триумфираа во овогодишното издание на Лига Европа, совладувајќи го вечерва Манчестер јунајтед со 11:10 на пенали, откако финалето во Гдањск по 120 минути фудбал заврши нерешено 1:1.

Гдањск, 27 мај 2021 (МИА) – Фудбалерите на Виљареал триумфираа во овогодишното издание на Лига Европа, совладувајќи го вечерва Манчестер јунајтед со 11:10 на пенали, откако финалето во Гдањск по 120 минути фудбал заврши нерешено 1:1.

Во своето прво европско клупско финале, Виљареал дојде во водство во 29. минута преку Жерар Морено, постигнувајќи го својот 82. гол во дресот на шпанската екипа со што се израмни со најдобриот стрелец во клупската историја и поранешен напаѓач на Манчестер јунајтед, Џузепе Роси.

Јунајтед од самиот почеток на второто полувреме заигра поквалитетно и го анулираше водство на шпанскиот ривал преку Едисон Кавани во 55 минута. Израмнувачкиот гол за уругвајскиот напаѓач беше вкупно десетти на последните 11 натпревари во дресот на англискиот гигант.

Без посериозни шанси на двете страни до крајот на регуларниот дел и двете продолженија од по 15 минути, победникот во финалето на стадионот во Гдањск го одлучија ударите од белата точка во кои на крајот поуспешни беа фудбалерите. По десет последователни реализирани пенали на двете страни, голманот на Виљареал, Џеронимо Рули, беше прецизен во 11-та серија, по што го одбрани пеналот на чуварот на мрежата на Јунјатед, Давид де Геа, обезбедувајќи му на својот тим историска прва европска титула во клупската историја.

Актуелната сезона во европските клупски натпреварувања завршува в сабота со финалето во Лигата на шампиони меѓу англиските екипи Челзи и Манчестер сити, на стадионот „Драгао“ во Порто. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close