0_Спорт.ПорталОстанато

Ѕвездите во САД го бојкотираат „Супербол“

Претходно Националната фудбалска лига (НФЛ) одлучи да го отстрани Колин Каперник од тимот на Сан Франциско Фортинајнерс. Тој не ја почитуваше химната на САД, откако клечеше за време на нејзиното спроведување пред натпреварите минатата година.

Атланта, 15 јануари 2019 (МИА) – Едни од најголемите музички ѕвезди во САД одлучија да го бојкотираат претстојното издание на „Супербол“. Повеќето од нив се приклучија на дел од локалните фудбалери, кои протестираат против полициската агресија, неправдата и насилството над афроамериканските граѓани во земјата.

Претходно Националната фудбалска лига (НФЛ) одлучи да го отстрани Колин Каперник од тимот на Сан Франциско Фортинајнерс. Тој не ја почитуваше химната на САД, откако клечеше за време на нејзиното спроведување пред натпреварите минатата година.

Групата „Марун 5“, како и раперот Тревис Скот не откажале учеството, но настанот наближува (3-ти февруари во Атланта), а протестите не запираат да натежнуваат на најголемото спортско шоу во Северна Америка.

Во моментов учество одбиле Ријана и Карди Би. Претходно Џеј-Зи одби да настапува во 2017-та поради истите причини, а според медиумите зад Океанот, тој се обидувал да го убеди Скот да го направи истото.

„Хедлајнери“ на настанот пак во минатото биле Мајкл Џексон, Ролинг Стоунс, Принс, Лејди Гага и Џастин Тимберлејк.вз

Таг
Back to top button
Close
Close