0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Вестбрук: Само 4-5 играчи заслужуваат свое име на патиките

Кошаркарот на Хјустон, Расел Вестбрук изјави дека само 4-5 играчи во НБА ги заслужуваат нивните персонализирани патики.

Хјустон, 19 февруари 2020 (МИА) – Кошаркарот на Хјустон, Расел Вестбрук изјави дека само 4-5 играчи во НБА ги заслужуваат нивните персонализирани патики.

– Ако сакате свои, персонализирани патики, не можете да бидете монотони. Долго време не ги заслужував моите персонализирани патики, но на крајот го направив својот пат, а сега ги имам. Јас сум реалист во ова прашање. Некои играчи добија персонализирани патики без причина. Како што вели Леброн Џејмс, прво мора да стекнете фан-база и, се разбира, вашата игра треба да зборува за вас. Мора да направите нешто освен кошарката. Мора да бидете „тој човек“. Денес, сите имаат персонализирани патики, изјави Вестбрук.

Прв во НБА лигата кој доби свои патики е легендарниот Мајкл Џордан. Тоа се случи во 80-тите години од минатиот век кога компанијата за спортска опрема ги промовира патиките „Ер Џордан“ или популарните „џорданки“ кои скоро секоја година излегуваат со нов модел. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close