0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт.Слајдер

Вестбрук постави рекорд во НБА-лигата со најмногу трипл-дабл

Кошаркарот на Вашингтон, Расел Вестбрук, постави рекорд во историјата на НБА-лигата за најмногу трипл-дабл.

Вашингтон, 11 мај 2021 (МИА) – Кошаркарот на Вашингтон, Расел Вестбрук, постави рекорд во историјата на НБА-лигата за најмногу трипл-дабл.

Ноќеска на мечот со Атланта (124:125), тој го забележа 182-то издание во неговата кариера со двоцифрен ефект во три статистички категории, остварувајќи 20 поени, 13 скока и 21 асистенција.

Вестбрук ги надмина 181-от трипл-дабл на Оскар Робертсон од 1974 година.

Триесет и двегодишниот Вестбрук оваа сезона просечно бележи 22 поена, 11,6 скока и 11,6 асистенции по натпревар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close