0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Вестбрук: На улица не ме посипуваат со пуканки, знаејќи ги последиците (видео)

Кошаркарот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук ја повика НБА да преземе нешто по инцидентот со навивачот во арената „Велс Фарго“ во Филаделфија.

Вашингтон, 27 мај 2021 (МИА) – Кошаркарот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук ја повика НБА да преземе нешто по инцидентот со навивачот во арената „Велс Фарго“ во Филаделфија.

– Не би се осмелил некој на улица врз Расел Вестбрук да истури пуканки, бидејќи знаете што ќе се случи тогаш. Време е да започнеме да ги заштитуваме играчите во арените. Да видиме што ќе направи раководството на НБА-лигата, изјави Вестбрук.

На враќање кон соблекувалната, повредениот Вестбрук беше посипан со пуканки од еден од навивачите. Овој инцидент предизвика екстремен бес кај кошаркарот.

Навивачот набрзо беше принуден да ги напушти трибините.

Филаделфија со 120:95 го доби натпреварот одигран ноќеска и поведе со 2:0 во првото коло од плејофот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close