0_Спорт.ПорталКошарка

Вестбрук единствен со 15 трипл-дабл на 20 последователни натпревари во НБА

Кошаркарот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук, стана првиот играч во историјата на НБА-лигата кој постигнал 15 трипл-дабл на 20 последователни натпревари.

Вашингтон, 18 април 2021 (МИА) – Кошаркарот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук, стана првиот играч во историјата на НБА-лигата кој постигнал 15 трипл-дабл на 20 последователни натпревари.

Вестбрук ноќеска во победата над Детроит од 121:100, постигна 15 поени, 14 скока и 11 асистенции. Ова е 25. трипл-дабл за Расел оваа сезона.

Вестбрук го комплетираше 171. трипл-дабл во својата кариера. Рекордер во историјата на лигата за овој индикатор е Оскар Робертсон (181). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close