0_Спорт.ПорталКошарка

Вестбрук ќе го пропушти и петтиот натпревар од серијата со Оклахома

Кошаркарот на Хјустон, Расел Вестбрук ќе го пропушти петтиот натпревар од првото коло од плеј-офот со Оклахома, објави инсајдерот Марк Штајн. Моменталниот резултат е 2-2 во серијата прв до четири победи.

Орландо, 26 август 2020 (МИА) – Кошаркарот на Хјустон, Расел Вестбрук ќе го пропушти петтиот натпревар од првото коло од плеј-офот со Оклахома, објави инсајдерот Марк Штајн. Моменталниот резултат е 2-2 во серијата прв до четири победи.

Вестбрук продолжува да закрепнува од повредата на десниот бутен мускул поради која не  играше на ниту еден натпревар во плејофот.

Во регуларната сезона, поранешниот МВП во лигата, во просек имаше 27,2 поени, 7,9 скокови и 7,0 асистенции во просек за 35,9 минути по натпревар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close