0_Спорт.ПорталОстанато

Верстапен верува дека ништо нема да го спречи Хамилтон повторно да стане шампион

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен смета дека ништо не може да го спречи Луис Хамилтон да стане шампион во Формула 1 во 2020 година.

Лондон, 5 август 2020 (МИА) – Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен смета дека ништо не може да го спречи Луис Хамилтон да стане шампион во Формула 1 во 2020 година.

– Може ли некој да му застане на патот на Хамилтон да стане шампион? Не. Мерцедес има премногу предност. Се обидувам да се борам, но сега е невозможно. Ако само сонувате да се фатите со Мерцедес, тоа нема да се оствари. Ние мора да продолжиме да работиме, изјави Верстапен.

По четири трки во сезоната 2020, Хамилтон е лидер во поредокот со 30 бода предност во однос на најблискиот прогонувач и клупски колега, Валтери Ботас. Верстапен е на третото место и е 36 бода зад Хамилтон. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close