0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Верстапен: Сите бевме тестирани постојано, никој не е болен

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен изјави дека не е загрижен за ризикот од инфекција со коронавирус по почетокот на сезоната.

Лондон, 12 јуни 2020 (МИА) – Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен изјави дека не е загрижен за ризикот од инфекција со коронавирус по почетокот на сезоната.

Претходно, советникот на Ред Бул, Хелмут Марко изјави дека Холанѓанецот е сериозно загрижен за неговото здравје и не сака да ризикува да се зарази.

-Не. Не мислам дека ќе имаме проблеми. Постојано не тестираат, никој од нас не е болен од коронавирус, изјави Верстапен.

Сезоната во Формула 1 шампионатот треба да почне на 5 јули со трката во Австрија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close