0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанатоРезултати

Верстапен победник на јубилејната трка во Формула 1

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен забележа победа на денешното Гран при возено на „Силверстоун“ во знак на јубилејот 70. роденден на Формула 1.

Силверстоун, 9 август 2020 (МИА) – Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен забележа победа на денешното Гран при возено на „Силверстоун“ во знак на јубилејот 70. роденден на Формула 1.

Холанѓанецот зад себе ги остави возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон со 11,3 секунди и Валтери Ботас со 19,2 секунди заостанување.

За Верстапен ова беше прва победа по пет одржани трки во тековната сезона

Бодови освоија и возачите пласирани од 4-10. место: Леклер, Албон, Строл, Хулкенберг, Окон, Норис и Квајт.

Во Генералниот поредок на шампионатот во Ф1 и натаму во водство е Хамилтон со 107 бодови,  Верстапен е втор со 77, Ботас има 73, Шарл Леклер од Ферари е четврти со 45.

Следната недела ќе се вози шестата трка од Ф1 шампионатот, домаќин ќе биде Барселона и патеката „Каталуња“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close