0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанатоРезултати

Верстапен победи во Монако и ја презема од Хамилтон лидерската позиција во Ф1 поредокот

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Монако.

Монако, 23 мај 2021 (МИА) – Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Монако.

Холанѓанецот трката ја заврши со време 1:38:56,820 час. Второто место му припадна на Карлос Сајнц Јуниор од Ферари (+8,968 секунди), додека трет беше Ландо Норис од Мекларен (+19,427 секунди).

Актуелниот шампион Луис Хамилтон го освои седмото место, по што водечката позиција во поредокот му ја препушти на Верстапен.

Трката воопшто не ја стартуваше освојувачот на пол-позицијата Шарл Леклер од Ферари поради проблеми со болидот.

Табела по пет трки во Ф1: Верстапен 105 бода, Хамилтон 101, Ландо Норис 56, Валтери Ботас 47, Серхио Перез 44,….

Следната трка е закажана за 6 јуни во Азербејџан. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close