0_Спорт.ПорталФудбал

Вернер сака да замине во Ливерпул

Напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер би сакал да замине во Ливерпул, јавуваат германските медиуми.

Берлин, 20 јануари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер би сакал да замине во Ливерпул, јавуваат германските медиуми.

Според „Билд“, доколку фудбалерот го напушти Лајпциг, тој би сакал да продолжи кариера токму во екипата на Јирген Клоп. Исто така, се посочува дека неговиот сегашен клуб ќе биде подготвен да го продаде во текот на летото за 60 милиони евра.

Дваесет и тригодишниот Германец има одиграно 26 натпревари за Лајпциг оваа сезона и постигнато 25 гола со десет асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close