0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Вернер ќе го одбие Берн поради Ливерпул

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер на крајот на сезоната нема да замине во Баерн Минхен. Фудбалерот на германската репрезентација нема да ја продолжи кариера во друг клуб во Бундеслигата.

Берлин, 30 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер на крајот на сезоната нема да замине во Баерн Минхен. Фудбалерот на германската репрезентација нема да ја продолжи кариера во друг клуб во Бундеслигата.

Вернер има намера да се пресели во Ливерпул за да може да работи со тренерот на „црвените“ Јирген Клоп, објави „Билд“.

Претходно се дозна дека за Вернер се заинтересирани и Барселона, Интер, Јувентус и Манчестер јунајтед.

Во сезоната 2019/20, Вернер постигна 27 голови и оствари 12 асистенции на 36 натпревари за Лајпциг.  Неговата вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 64 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close