0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Вердер се избори за бараж за опстанок, Фортуна Дизелдорф ја напушта Бундеслигата

Поранешниот германски шампион Вердер Бремен го избегна претпоследното место на табелата во Бундеслигата и ќе игра бараж за опстанок, откако попладнево во последното коло забележа победа, а директниот конкурентот за 16. место, Фортуна Дизелдорф загуби и заедно со Падерборн испаѓаат од елитата.

Бремен, 27 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот германски шампион Вердер Бремен го избегна претпоследното место на табелата во Бундеслигата и ќе игра бараж за опстанок, откако попладнево во последното коло забележа победа, а директниот конкурентот за 16. место, Фортуна Дизелдорф загуби и заедно со Падерборн испаѓаат од елитата.

Ова е епилогот на дното, додека на врвот речиси се беше познато претходно.

Резултати на средбите од 34. коло во Германското фудбалско првенство:
Аугзбург – Лајпциг 1:2
Баер Леверкузен – Мајнц 1:0
Борусија Менхенгладбах – Херта 2:1
Борусија Дортмунд – Хофенхајм 0:4
Ајнтрахт Франкфурт – Падерборн 3:2
Фрајбург – Шалке 4:0
Унион Берлин – Фортуна Дизелдорф 3:0
Вердер Бремен – Келн 6:1
Волфзбург – Баерн Минхен 0:4.

Баерн е шампион, а со него во Лигата на шампионите одат двете Борусии и Лајпциг.

Во Лига Европа ќе играат Баер, Хофенхајм и Волфсбург. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close