0_Спорт.ПорталФудбал

Вердер ја напушти Бундеслигата за прв пат од 1980 година

Екипата на Вердер попладнево на домашен терен загуби од Борусија Менхенгладбах со 4:2 во последното коло од Бундеслигата и сезоната ја заврши на претпоследното, 17. место.

Бремен, 22 мај 2021 (МИА) – Екипата на Вердер попладнево на домашен терен загуби од Борусија Менхенгладбах со 4:2 во последното коло од Бундеслигата и сезоната ја заврши на претпоследното, 17. место.

Клубот од Бремен ја напушти Бундеслигата по втор пат во историјата.

За прв пат на клубот ова му се случи на крајот на сезоната 1979/80. Тогаш исто така заврши на 17. место.

Во сезоната 1980/81, Вердер Бремен беше најдобар во Втората лига и се врати во елитното германско натпреварување. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close