0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Венгер за европската Суперлига: Премиер лигата е супериорна во однос на другите првенства, тие се обидуваат да ја уништат оваа предност

Поранешниот главен тренер на Арсенал и актуелен шеф на секторот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер го сподели своето мислење за идејата за создавање на европска Суперлига.

Лондон, 29 октомври 2020 (МИА) – Поранешниот главен тренер на Арсенал и актуелен шеф на секторот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер го сподели своето мислење за идејата за создавање на европска Суперлига.

  • Премиер лигата е супериорна во однос на другите лиги. Овие лиги се обидуваат да ја уништат предноста што ја има Премиер лигата.

Најдоброто што можат да сторат во врска со тоа е да создадат европска Суперлига која ефикасно би ја уништила Премиер лигата. Значи, ако успеат да се договорат со врвните клубови во Премиер лигата, тоа ќе се случи, смета Венгер.

Французинот додаде дека парите се ставаат на прво место.

-Живееме во период кога сопствениците на клубовите се инвеститори. Нивниот прв приоритет е заработка. А, европската Суперлига е еден од начините да се заработат повеќе пари, потенцира Венгер.

Новото натпреварување предвидено е да стартува во 2022 година и во неа да учествуваат најбогатите европски екипи од Шпанија, Италија, Англија, Германија…. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close