0_Спорт.ПорталФудбал

Венгер: Натпреварите без гледачи ќе му наштетат на фудбалот на долг рок, но ова е подобро од која било друга одлука

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер зборуваше за одржување на фудбалски натпревари без публика поради пандемијата на коронавирус.

Лондон, 18 мај 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер зборуваше за одржување на фудбалски натпревари без публика поради пандемијата на коронавирус.

– Дали фудбалот без публика ќе го повреди фудбалот на долг рок? Убеден сум во тоа. Ова може да биде решение на краток рок, но не и на долг рок. Невозможно е да се замисли цела сезона без гледачи на трибините. А сепак ова е најдобриот начин да се заврши сезоната, подобро од кое било друго решение, изјави Венгер.

Немаме лекови за да може луѓето да одат на стадионите до средината на јули. Има пример за Италија, каде присуството на навивачи на натпреварите доведе до катастрофа. Не можеме да бидеме премногу водени од финансиски причини и да ризикуваме толку многу. Прво, треба да се осигураме дека е безбедено, нагласи Венгер во интервјуто за „БИН Спортс“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close