0_Спорт.ПорталФудбал

Венгер: Ливерпул ја изгуби самодовербата, поразот од Евертон само ќе ги продлабочи сомнежите

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер зборуваше за поразот на Ливерпул од Евертон со 0:2 во 25. коло натпревар од Премиер лигата.

Лондон, 21 февруари (МИА) – Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер зборуваше за поразот на Ливерпул од Евертон со 0:2 во 25. коло натпревар од Премиер лигата.

-Тие имаат низа неуспеси и овој резултат ќе ја влоши ситуацијата уште повеќе, ќе го продлабочи нивното сомневање во себе. Разнишана им е самодовербата во она што го прават. Се обидоа напорно, беа фокусирани, мотивирани, но на тимот му недостасуваше харизма. Повторно видовме дека на натпревари од врвно ниво, какви било грешки се казнуваат, изјави Венгер за „beIN Sports“.

Ливерпул кој е актуелен англиски шампион од 25 натпревари има освоено 40 бодови, за во моментов шесто место на премиерлигашката табела. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close