СветСвет.Портал

Венецуелски министер за Трамп: Тој е арогантен шарлатан

Венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Аеаса го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „арогантен шарлатан“ и ја критикуваше неговата „интервенционистичка реторика“ во говорот пред Конгресот, во кој го критикуваше венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Каракас, 5 февруари 2020 (МИА) – Венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Аеаса го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „арогантен шарлатан“ и ја критикуваше неговата „интервенционистичка реторика“ во говорот пред Конгресот, во кој го критикуваше венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Во исто време, лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо објави дека денеска ќе ја има долгоочекуваната средба со Трамп во Вашингтон.

Белата куќа во соопштение информира дека се работи за уште еден показател за поддршка на САД за народот на Венецуела.

Во соопштението се вели дека Трамп и Гуаидо ќе разговараат за тоа како САД можат да соработуваат со лидерот на опозицијата „со цел забрзување на демократската транзиција што би ставила крај на сегашната криза“. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close