0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Велосипедски полициски патроли од денеска низ Струга

Одделението за внатрешни работи во Струга денеска ја активираше велосипедската полициска патрола, како нова и современа форма на полициско превентивно работење, градење партнерство и поблизок контакт со граѓаните.

Струга, 28 јули 2021 (МИА) – Одделението за внатрешни работи во Струга денеска ја активираше велосипедската полициска патрола, како нова и современа форма на полициско превентивно работење, градење партнерство и поблизок контакт со граѓаните.

Велосипедската полициска патрола, според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, треба да обезбеди поголема мобилност на полициската служба во одржувањето на јавниот ред и мир, укажување помош и заштита на граѓани и поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи.

– Патролата е ефикасна во спречување, откривање и пронаоѓање на сторители на кражби по плажи и паркинг простори и на други казнени дела. Велосипедската патрола ќе придонесе за афирмација на велосипедизмот како спортска дисциплина и здрав начин на живот и ќе го зацврсти позитивниот имиџ на полицијата во јавноста, изјави Димоски.

Низ струшките улици и плажи предвидено е да патролираат два полициски тима на велосипеди. сс/вг/

Back to top button
Close
Close