0_Магазин.ПорталЗанимливости

Велика Британија од денеска го забранува сексот со лице од друго семејство и надвор од домот

Ова е по барање на здравствените власти како нова мерка во рамките на изолацијата поради коронавирусот, која сѐ уште е во сила.

Лондон, 1 јуни 2020 (МИА) – Во Парламентот на Велика Британија денеска ќе биде претставен нов закон со кој се забранува каков било контакт, на јавни и приватни места, меѓу две лица кои не живеат заедно. Ова е по барање на здравствените власти, како нова мерка за изолација на  коронавирусот, што сѐ уште е во сила.

Според тамошните медиуми, ова значи и дека сексот со лице од друго семејство, надвор од куќата, ќе биде забранет.

Сексот на јавни места, досега и онака беше забранет.

„Ниедно лице не може, без разумно оправдана причина, да преноќи на место, различно од она каде што живее“, се вели во текстот на предложениот закон. Казната предвидена со новиот закон би била 100 фунти, односно 50 фунти, доколку се плати првите 14 дена.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close