ЕвропаЕвропа.Портал

Велика Британија: Министерството за финансии ја означи организацијата Хезболах за терористичка група

Британското Министерство за финансии соопшти денеска дека ја означува целата организација Хезболах како терористичка група во согласност со нејзините правила за тероризам и финансирање на тероризмот и дека имотот на групата ќе биде замрзнат.

Лондон, 17 јануари 2020 (МИА) – Британското Министерство за финансии соопшти денеска дека ја означува целата организација Хезболах како терористичка група во согласност со нејзините правила за тероризам и финансирање на тероризмот и дека имотот на групата ќе биде замрзнат.

Претходно, само на военото крило на Хезболах можеше да биде замрзнат имотот според правилата на Владата на Велика Британија.

Хезболах е вооружена група која САД ја окарактеризира како терористичка организација, основана во 1982 година од иранската Револуционерна гарда и е важен дел од регионалниот сојуз под водство на Техеран познат како „Оска на отпорот“. ки/ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close