Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Велика Британија е втора земја во светот со повеќе од 40.000 смртни случаи од Ковид-19

Велика Британија стана втора земја во светот по број на починати од коронавирусот со 40.261 смртни случаи, откако здравствените власти денеска соопштија за уште 357 смртни случаи.

Лондон, 5 јуни 2020 (МИА) – Велика Британија стана втора земја во светот по број на починати од коронавирусот со 40.261 смртни случаи, откако здравствените власти денеска соопштија за уште 357 смртни случаи.

Според британскиот весник „Гардијан“, се верува дека вистинскиот број на смртни случаи од Ковид-19 е уште поголем затоа што во податоците спаѓаат само оние кои се тестирани на вирусот.

Според Министерството за здравство, регистрирани се уште 1.650 новозаразени, со што вкупниот број на случаи на коронавирус во Велика Британија изнесува 283.311.

Водечките британски лекари и научници го повикаа премиерот Борис Џонсон денеска да нареди подготовки на Велика Британија за вториот бран на коронавирусот оваа зима, предупредувајќи дека многу повеќе луѓе ќе умрат ако земјата не го подобри својот одговор на Ковид-19. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close