0_Спорт.ПорталОстанато

Велеслалом во Крањска Гора: Победа на тинејџерката Робинсон од Нов Зеланд

Новозеландската тинејџерка Алис Робинсон е победничка на велеслаломот во Крањска Гора што се возеше во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Крањска Гора, 15 февруари 2020 (МИА) – Новозеландската тинејџерка Алис Робинсон е победничка на велеслаломот во Крањска Гора што се возеше во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

На највисокото место на подиумот се искачи со вкупно време од 1:54:32 минути. Второто место го освои Петра Влхова од Словачка (+54 стотинки), а третото место го поделија Словенката Мета Хроват и Швајцарката Венди Холденер кои заостанаа по 59 стотинки зад Робинсон.

Водечка во велеслалом е Италијанката Федерика Брињоне со 407 бода, пред Влхова со 333 и Микаела Шифрин со 314 бода.

Во генералниот пласман води Шифрин со 1,225 бода, Брињоне е втора со 1,112 бода и Влхова со 971 бод. сѓд/

 

Таг
Back to top button
Close
Close