0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Велешкото обвинителство поведе постапка за разбојништво​

Основното јавно обвинителство во Велес поведе истражна постапка против велешанец поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – разбојништво.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство во Велес поведе истражна постапка против велешанец поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – разбојништво.

-Осомничениот на 09.06.2020 година со патнички автомобил, заедно со дете како сопатник, се движеле во правец од село Караслари кон Велес при што забележале дека по патот пеш се движат две лица – мигранти. Тој го сопрел автомобилот и им понудил на мигрантите да ги превезе до границата со Србија каде што биле упатени. Кога со автомобилот стигнал до фабриката „Димко Митрев“ околу 19:30 часот, осомничениот побарал мигрантите, по потекло од Авганистан, да му дадат 200 евра. Откако тие не се согласиле, осомничениот им се заканил дека ќе извади оружје и ќе ги убие. Исплашен од упатените закани, еден од оштетените на осомничениот му дал 200 евра, по што осомничениот заедно со детето влегол во автомобилот за да замине. Во тој момент, еден од оштетените мигранти успеал да  го одземе мобилниот телефон на осомничениот, кој подоцна при пријавувањето на настанот го предал на овластените полициски службеници во СВР Велес, соопшти Обвинителството.

Со оглед на фактот дека од денот кога го извршил кривичното дело се до 21-ви овој месец осомничениот се криел, како и дека постои можност да се даде во бегство, да влијание врз сведоци  и да ја попречува истражната постапка, Обвинителството до Судот поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Судија на претходна постапка при Основниот суд Велес го прифати предлогот на обвинителството, па донесе Решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​ дма/са/

Back to top button
Close
Close