Дописници МКДОпштински вести

Велешкото ЈКП „Дервен“ интензивно ги пере и дезинфицира улиците и јавните површини

Вработените во ЈКП „Дервен“ континуирани ги мијат и дезинфицираат со дезинфекциско средство велешките улици и јавни површини  во градот.Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, посебно внимание се посветува на миење и дезинфицирање на улиците во велешко во кое има доминантно население со муслиманска вероисповед,информира на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Велес, 22 мај 2020 (МИА) – Вработените во ЈКП „Дервен“ континуирани ги мијат и дезинфицираат со дезинфекциско средство велешките улици и јавни површини  во градот.Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, посебно внимание се посветува на миење и дезинфицирање на улиците во велешко во кое има доминантно население со муслиманска вероисповед,информира на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.

-Во сите села се врши перење со дезинфекциски средства на улиците,како и на улицата „Коле Цветков“ на која се наоѓа  џамијата во Велес.

Тој информира дека ЈКП „Дервен“да се расчисти и веќе било расчитено ѓубрето на рекреативниот центар кај реката Бабуна и на езерото „Младост“ каде наместо еден сега има двајца вработени од ЈКП „Дервен“ задолжени за чистење на летниковците и патеките на овој рекративен центар.

Информира дека се собрани 15 метри кубни отпадоци од депониите,посебно од дивата депонија кај Отивичката плажа од другата страна на велешкото езеро „Младост“.

Коцевски упати извинување до граѓаните на Велес заради тоа што ЈКП „Дервен“ бидејќи навреме не ги коси тревните површини во градот.Тој појасни дека тоа е последица на тоа што 12 работницисе од Р.Е.„Паркови и зеленило се на боледување од кои осум општи работници и четири косачи заради тоа што го користеле правото да бидат дома бидејќи имаа мали деца до десетгодишна возраст или се хронично заболени, појасни Коцевски.

-Правиме вонредни напори со новиот проект кој од денеска започнува да се реализира со поддршка на Ромактед „Сонце“ УНДП и Швајцарската Агенција за развој и соработка во следните 22 дена се ангажирани четири припадници на Ромската заедница кои ќе вршат дезинфекција на површини каде воглавно живее ромско население. Со тоа ќе може да бидат повлечени работниците од ЈКП „Дервен“ кои досега правеа децинфекција,а тиа да се ангажираат за косење на тревните површини на јавните површини во градот,посебно во парковите.појасни Коцевски.ад/ир

Таг
Back to top button
Close
Close