Дописници МКДОпштински вести

Велешките извидници засадија 1500 дрвца багрем над велешко езеро „Младост“

Во акцијата „Да му помогнеме на езеро „Младост“, членови на извидничкиот одред „Димитар Влахов“ вчера засадија 1500 дрвца од багрем на дел од опожарените површини над велешко езеро „Младост“.

Велес 17 февруари 2020 (МИА) – Во акцијата „Да му помогнеме на езеро „Младост“, членови на извидничкиот одред „Димитар Влахов“ вчера засадија 1500 дрвца од багрем на дел од опожарените површини над велешко езеро „Младост“.

Иницијативата е дел од проектот ИЗ(ВИДИ) преку кој се набавени садниците, информира Ангелче Гушев старешина на извидничкиот одред.

-Со оваа еколошка акција ја искажуваме општествена одговорност, за што се залагаме сите изминати години, воедно и на најдобар начин ги едуцираме младите за живот во чиста и здрава животна средина, потенцира Гушев.

Во акцијата за пошумување учествуваа 35 извидници и неколку граѓани или четириесетина вкупно, а  плус и двајца волонтери на Мировниот корпус.

Ова е проектна активност на Сојузот на извидници на Македонија, а со учество не Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес.

Еколошката акција за пошумување е во рамките на програмата за одбележување на претстојниот Светски ден на извидништвото-22 февруари.ад/

Back to top button
Close
Close