Дописници МКДОпштински вести

Велешки „Дервен“ поради снегот и мразот ѓубрето наместо во ноќните го собира во утринските часови

Поради снегот и мразот ЈКП „Дервен“ од Велес деновиве откaко заврнa снегот, сметот од домаќинствата наместо во ноќните го собира во утрински часови и тоа претежно со трактори. Тоа е  затоа што колите за смет тешко се движат по замрзнатите улици посебно во високите реони од градот. Директорот Антон Јовиќ апелира до граѓаните да се воздржат од исфрлање на сметот навечер затоа што наутро останува расфрлан по улиците.

Велес, 17 февруари 2021 (МИА) – Поради снегот и мразот ЈКП „Дервен“ од Велес деновиве откaко заврнa снегот, сметот од домаќинствата наместо во ноќните го собира во утрински часови и тоа претежно со трактори. Тоа е  затоа што колите за смет тешко се движат по замрзнатите улици посебно во високите реони од градот. Директорот Антон Јовиќ апелира до граѓаните да се воздржат од исфрлање на сметот навечер затоа што наутро останува расфрлан по улиците.

– Поради мразот приморани сме да собираме наутро и апелираме до граѓаните да се воздржат од фрлање на смет навечер, затоа што наутро е веќе расфрлан од мачки и кучиња скитници. Ние се трудиме да стигнеме и до високите улици од градот и да  го собереме сметот од домаќинствата. Така денеска по неколку дена застој нашите екипи го собраа сметот од улицата „Богдан Каракстев“ на високата лева страна од градот и од други улици, информира Јовиќ.

Додава дека според најавите за временската прогноза очекуваат за ден-два мразот да се одмрзне од велешките улици посебно оние од високите реони од градот и нивните комунални екипи повтрно ќе се вратат на редовното ноќно собирање на смет, според распоредот за реони, вели Јовиќ. ад/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close