Дописници МКДОпштински вести

Велес планира да се вклучи во новата Програма на ЕУ за поддршка на општините ИПА 2020

Во текот на март Општина Велес интензивно ќе работи на утврдување на идејата за подготовка на проектниот концепт, со кој Општината ќе аплицира за новата ИПА 2020 Програма на ЕУ  за поддршка на општините, што ќе биде распишан во октомври.

Велес 28 февруари 2020 (МИА) – Во текот на март Општина Велес интензивно ќе работи на утврдување на идејата за подготовка на проектниот концепт, со кој Општината ќе аплицира за новата ИПА 2020 Програма на ЕУ  за поддршка на општините, што ќе биде распишан во октомври.

Како што информираат од Општина Велес проектниот концепт треба да биде готов до март годинава, а целосната проектна документација најрано во јуни.

Општинските власти информираат дека во таа насока неделава во Општина Велес за невладините организации била презентирана оваа програма од страна на тим лидерот на проектот Клаус Рихтер и клучниот експерт за обука Бардил Марку.

На средбата со градоначалникот Аце Коцевски, експертите  ги образложиле деталите од новата програма и укажале дека особено е важно што Велес ги има стратешките документи Планот за одржлива урбана мобилност (ПОУМ) и Стратегијата за паметен град, како добра основа за вклучување во оваа значајна програма, фокусирана на иновативниот пристап во решавањето на локалните проблеми.

Како што појаснуваат од Општина Велес, проектот што ќе го финансира ЕУ е во вредност од 500 илјади евра и треба да придонесе кон подобрување на животот на граѓаните преку иновативни решенија и идеи.

Еден од клучните критериуми покрај иновативното решение е проектот да биде усогласен со постоечки долгорочни стратегии за развој на општините. ад/сп/

Back to top button
Close
Close