Дописници МКДОпштински вести

Велес ќе добие Туристичко информативно биро

Во зградата на поранешното кино во центарот на Велес наскоро треба да биде отворено Туристичко информативно биро. 

Велес, 25 февруари 2020 (МИА) – Во зградата на поранешното кино во центарот на Велес наскоро треба да биде отворено Туристичко информативно биро. 

Преку Туристичкото информативно биро чија изградба е во тек, посетителите и туристите ќе добиваат понуди за разгледување на културно – историските и други знаменитости на Велес и околината.

Туристичкото информативно биро на Велес е дел од проектот „Смарт езеро Младост“ што го финансира Светската Банка.ад/са/

Back to top button
Close
Close