ЕвропаЕвропа.Портал

Веќе три дена се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19 во Украина

Во изминатото деноноќие во Украина се регистрирани нови 366 заразени со коронавирусот, што е намалување трет ден по ред соопштија здравствените власти во Киев.

Киев, 5 мај 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие во Украина се регистрирани нови 366 заразени со коронавирусот, што е намалување трет ден по ред соопштија здравствените власти во Киев.

Меѓу новите заразени има 26 деца и 92 медицински работници, прецизира на денешниот брифинг министерот за здравство Максим Степанов.

Во Украина досега има вкупно 12.697 случаи на Ковид-19, меѓу кои 881 деца и 2.479 медицински работници. Оздравеле вкупно 1.875, а починале 316 луѓе.

Министерот соопшти и дека за 24 часа во Украина се извршени 5.307 Пи-Си-Ар тестови за новиот коронавирус. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close