0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Вавринка се раздели со својот тренер, со кого освои три Грен слема

Швајцарецот Стен Вавринка објави раскинување на соработката со тренерот Магнус Норман, со кого освои три Грен слем турнири.

Лозана, 21 септември 2020 (МИА) – Швајцарецот Стен Вавринка објави раскинување на соработката со тренерот Магнус Норман, со кого освои три Грен слем турнири.

  • По осум прекрасни години, решивме да се разделиме со заеднички договор. Соработката беше неверојатно силна, пријатна и исклучително успешна. Заедно го достигнавме врвот на спортот и сакам да му кажам благодарам на Магнус што ми помогна да освојам сè за што само можев да сонувам.

Тој беше одличен тренер, пријател и ментор и секогаш ќе остане моја блиска личност. Сакам јавно да му се заблагодарам за неговиот труд и посветеност да ме направи подобар.

Победите на три Грен слема го сменија мојот живот и без него не можев да го сторам тоа, напиша Вавринка.

Тој ги има освоено Австралија опен (2014), Ролан Гарос (2015) и УС опен (2016). зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close