0_Спорт.ПорталОстанато

Ватерполисти под истрага за консумирање алкохол во Олимпиското село

Олимпискиот организациски комитет во Токио истражува случај на пиење алкохол од спортисти во Олимпиското село.

Токио, 1 август 2021 (МИА) – Олимпискиот организациски комитет во Токио истражува случај на пиење алкохол од спортисти во Олимпиското село.

– На 31 јули, имаше случај со пиење алкохол од ватерполисти во Олимпиското село. Истрага е спроведена по ова прашање, објави генералниот директор на организацискиот  комитет Тоширо Муто.

Во кој тим е забележан овој случај не е наведено.

Претходно, Организацискиот одбор на Олимпијадата ја укина акредитацијата на две грузиски џудисти, кои доброволно ја напуштија територијата на Олимпиското село за да ги посетат знаменитостите на главниот град на Јапонија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close