0_Web_АктуелноВидео изјаваДописници МКДОпштествоОпштински вести

Василичарски оган во Охридското Езеро

Василичарскиот оган пламна на дното на езерото кај Музејот на вода во Градиште. Нуркачите на тој начин им ја честитаа Стара нова година на православните верници во земјата и се вклучија во празнувањето на претстојните богојавленски празници – Водици и Свети Јован Крстител

Охрид, 13 јануари 2020 (МИА) – Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид доаѓањето на православната Стара нова година го најавија на необичен начин, со палење на василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро.

Василичарскиот оган пламна на дното на езерото кај Музејот на вода во Градиште. Нуркачите на тој начин им ја честитаа Стара нова година на православните верници во земјата и се вклучија во празнувањето на претстојните богојавленски празници – Водици и Свети Јован Крстител. аб/лв/

Back to top button
Close
Close