Svet.SlajderСветСвет.Портал

„Вашингтон пост“: Опозицијата на Венецуела преговарала со американска фирма за соборување на Мадуро

Дел од венецуелската опозиција во октомври договараше план за соборување на претседателот Николас Мадуро, по цена од 213 милиони евра со фирма за обезбедување „Силверкоп“од Флорида, објави вчера „Вашингтон пост“

Вашингтон, 8 мај 2020 (МИА) – Дел од венецуелската опозиција во октомври договараше план за соборување на претседателот Николас Мадуро, по цена од 213 милиони евра со фирма за обезбедување „Силверкоп“од Флорида, објави вчера „Вашингтон пост“.

Весникот повикувајќи се на документ доставен од венецуелската опозиција истакнува дека планот за соборување на Мадуро е разработен на 42 страници, при што е наведено какви противпешадиски мини да се употребат, какви техники на бунт да се искористат, но не објаснува како мала група командоси би можела да ја преземе власта над илјадици припадници на венецуелските безбедносни сили, лојални на владејачката Социјалистичка партија.

Документот што го објави „Вашингтон пост“ го демантира опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој негираше каква било поврзаност со „Силверкоп“ или друга инволвираност во обидот за соборување на Мадуро.

Во понеделникот во Венецуела се уапсени Американците Лук Денман (34) и Ајрен Бери (41) и тие признаа дека организирале обид за „инвазија“ врз Венецуела.

Двајцата уапсени Американци на венецуелската државна телевизија изјавија дека фирмата „Силверкоп“ била ангажирана да го заземат аеродромот во Каракас и да го симнат од власт Мадуро.

„На двајцата Американци“, изјави Мадуро, „ќе им се суди пред цивилните судови во Венецуела“.

Бери вчера на венецуелската државна телевизија изјави дека целта на мисијата била соборување на Мадуро и преземање на контрола над специфичните мери, како што е разузнавачката служба Себин и военото разузнавање ДГЦИМ.

Во документот, според „Вашингтон пост“, се наведуваат низа задачи, како „да се уапси/да се притвори/да се отстрани Николас Мадуро“, да се собори актуелната власт и да се постави Гуадо за претседател на Венецуела.

Објавениот план го демантира опозицискиот лидер Гуаидо, кој негираше каква било поврзаност со „Силверкоп“ или друга инволвираност во обидот за соборување на Мадуро.

Според Стејт департментот апсењето и обвинувањето на Американците е „голема кампања за дезинформирање на јавноста“ поддржана од режимот на Мадуро и оти „е тешко да се разликуваат фактите од пропагандата“.

Мадуро вчера изјави дека неслужбените канали за комуникација помеѓу Каракас и Вашингтон се прекинати од 3 мај, кога е откриен заговорот.

Венецуела е во политичка криза од 2018 година кога Мадуро беше резибран за претседател, а опозицијата го обвини за местење на изборите. На почетокот од 2019 година Гуадо, кој е претседател на Парламентот, каде опозицијата има мнозинство, се прогласи за претседател на Венецуела и беше признаен од десетина држави. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close