СветСвет.Портал

„Вашингтон Пост“: Израел изврши кибер напад врз иранско пристаниште во Ормутскиот Теснец

Израел неодамна извршил кибер напад врз ирански пристанишни објекти и предизвикал хаос, очигледно како одмазда за обидот на Техеран да ја нападне израелската водна инфраструктура, пишува „Вашингтон пост“.

Ерусалим, 19 мај 2020 (МИА) – Израел неодамна извршил кибер напад врз ирански пристанишни објекти и предизвикал хаос, очигледно како одмазда за обидот на Техеран да ја нападне израелската водна инфраструктура, пишува „Вашингтон пост“.

Во новинарски извештај кој се повикува на странски и американски официјални лица, се вели дека Израел веројатно стои зад хакирањето кое предизвика ненадеен и необјаснив застој на прометниот пристанишен терминал „Шахид Раџаи“ на 9 мај.

– Компјутерите што го регулираат протокот на бродови, камиони и стоки одеднаш престанаа да работат, што создаде голем метеж на водените текови и патиштата што водат до објектот, објави „Вашингтон пост“.

На сателитските фотографии се гледал сообраќајниот метеж на влезот од пристаништето и бродови што чекаат да се растоварат неколку дена подоцна.

Иран подоцна потврди дека анонимен хакер за кусо време ги блокирал компјутерите во пристаништето, но директорот на пристаништето и поморската организација Мухамед Растад изјави дека само во кибер нападот биле оштетени само одреден број приватни оперативни системи во пристаништата.

Американскиот весник наведува, повикувајќи се на службеник за безбедност во странска Влада која го надгледувала инцидентот, дека штетата е многу поголема од она што Иран го потврди и оти очигледно го извршиле израелски оперативци. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close