Svet.SlajderСветСвет.Портал

Вашингтон означи четири големи кинески медиуми во САД како странски мисии

Претставници на Стејт департментот соопштија дека четирите медиуми се во основа гласноговорници на владејачката Комунистичка партија во Кина и не треба да се третираат како обични странски медиуми.

Вашингтон, 23 јуни 2020 (МИА) –   Вашингтон соопшти дека обележал четири најголеми кинески медиуми што работат во САД  како „странски мисии“, што би можело да присили некои нивни новинари да ја напуштат земјата и дополнително да ги затегнат дипломатските односи меѓу двете сили.

Претставници на Стејт департментот соопштија дека четирите медиуми се во основа гласноговорници на владејачката Комунистичка партија во Кина и не треба да се третираат како обични странски медиуми.

Од четирите куќи, вклучувајќи ја и државната Централна Телевизија Кина (CCTV), ќе биде побарано да предадат список на сите што работат за нив во САД и секој имот што го поседуваат.

Другите медиуми што се означени како „странски мисии“ се Кинеската њуз сервис, весникот „Пиплс Дејли“ и „Глобал тајмс“.

Засега никому не му е наредено да ја напушти државата, но Вашингтон повлече од сличен потег во февруари против пет други кинески медиуми, вклучително и државната новинска агенција Синхуа.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тогаш го ограничи бројот на новинари кои можат да работат за тие пет медиуми во САД на 100 во март, што беше намалување од околу 160. зш/

Back to top button
Close
Close