Дописници МКДОпштински вести

„Вашата крв спасува живот“, прва крводарителска акција за 2020 година во Пехчево

Под мотото „Вашата крв спасува живот“, денес во Пехчево се спроведе првата крводарителска акција за 2020 година. Од Центарот за трансфузиологија од Штип, чиј медицински тим ја спроведе акцијата, информираа дека во рамките на денешниот ден вкупно 40 крводарители подариле од животворната течност.

Пехчево, 20 јануари 2020 (МИА) – Под мотото „Вашата крв спасува живот“, денес во Пехчево се спроведе првата крводарителска акција за 2020 година. Од Центарот за трансфузиологија од Штип, чиј медицински тим ја спроведе акцијата, информираа дека во рамките на денешниот ден вкупно 40 крводарители подариле од животворната течност.
– Акцијата ја спроведуваме во соработка со Здравствениот дом во Пехчево и можам да кажам дека сме задоволни од денешниот одѕив на крводарителите од Малешевијата. Со подарени 40 крвни единици, жителите на Пехчево успешно ја започнаа годината, истакнаа штипските трансфузиолози.
Од Здравствен дом Пехчево додадоа дека на крајот на минатата година крводарителите од Пехчево подариле 200 крвни единици.
– Оваа бројка за нас како Здравствен дом е задоволувачка, ако се има предвид фактот дека станува збор за мала општина. Ако кон оваа бројка се додадат крводарувањата на нашите дарители кои поради работните обврски даруваат крв во Берово, тогаш бројката од 200 крвни единици е поголема, додадоа од пехчевскиот Здравствен дом.
Досега во општините од регионот крводарителски акции во новата година се одржаа во Делчево и Пехчево, додека предвидени се и акции во општина Македонска Каменица и Берово. вс/оџ/

Back to top button
Close
Close