0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Вархолм го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки вторпат во една година

Норвежанецот Карстен Вархолм го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки на Олимпијадата во Токио.

Токио, 3 август 2021 (МИА) – Норвежанецот Карстен Вархолм го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки на Олимпијадата во Токио.

Вархолм утрово победи во финалната трка со време 45,94 секунди. Тој го собори сопствениот светски рекорд поставен на 1 јули 2021 година кога истрча 46,70 секунди.

Пред тоа, рекордот цели 29 години му припаѓаше на Американецот Кевин Јанг (46,78).

Двократниот светски шампион, Вархолм го освои првото олимписко злато во кариерата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close