0_Web_Насловна-слајдерSvet.SlajderБалканБалкан.Портал

Вархеји: ЕУ повторно има кредибилитет на Западен Балкан

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Западен Балкан е голем предизвик и голем приоритет за Европската Унија и оцени дека Европска комисија успеала повторно да воспостави кредибилитет на Унијата во регионот

Брисел, 10 јуни 2020 (МИА) – Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Западен Балкан е голем предизвик и голем приоритет за Европската Унија и оцени дека Европска комисија успеала повторно да воспостави кредибилитет на Унијата во регионот.

Тој во видеоинтервју за американската организација „Адвокаси енивеар“ (Advocacy Anywhere) истакна дека ЕК напорно работела и успеала во воспоставување на силно присуство на ЕУ на Западен Балкан.

Вархеји најави дека ЕУ на есен планира економски и развоен инвестициски план за Западен Балкан.

– Целта е Западен Балкан посилно да се поврзе со економиите и општетствата на ЕУ, посочи Вархеји, додавајќи оти сите балкански земји сакаат да и се придружат на Унијата.

Тој осврнувајќи се на односите ЕУ – САД наведе дека „во соседството гледа некои клучни предизвици“ за кои Брисел во соработка со Вашингтон може да изнајде решение, при тоа наведувајќи го примерот со Дијалогот Белград – Приштина.

Според еврокомесарот соработката помеѓу ЕУ и САД е неопходна и за решавање на проблемите поврзани со Украина и Блиски Исток. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close