0_Web_АктуелноБалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Вархеи потврди дека Лајчак ќе биде претставник на ЕУ за Западен Балкан

Еврокомесарот за проширување за прв пат отворено потврди дека поранешниот словачки министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, ќе биде назначен за посебен претставник на ЕУ за Западниот Балкан и дијалогот Белград – Приштина.

Брисел, 28 февруари 2020 (МИА) – Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи за првпат отворено потврди дека поранешниот словачки министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, ќе биде назначен за посебен претставник на ЕУ за Западниот Балкан и дијалогот Белград – Приштина.

Одговарајќи на прашање за Радио Слободна Европа, Вархеи рече дека Лајчак е добар познавач на регионот.

-Познавајќи го Лајчак и неговите успеси сметам дека е многу добар избор кој ќе може да му помогне на Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, а и мене, да оствариме напредок, рече Вархеи за време на самитот на земјите од Вишеградската група и западниот Балкан во Прага.

Лајчак ќе биде задолжен да помага во односите помеѓу ЕУ и регионот и за рестартирање на дијалогот помеѓу Косово и Србија кој е замрзнат година и половина поради косовските царини врз увозот на српски производи. тм/

Back to top button
Close
Close