Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Вархеи: ЕУ и Западен Балкан заедно во опоравување и посилни да излезат од кризата

За време на видео-конференцијата на земјите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи оцени дека кризата поради пандемијата Ковид-19 не ги намали напорите или амбициите на ЕУ кон регионот на Западен Балкан, што е „во срцето на Европа“.

Брисел, 15 мај 2020 (МИА) – За време на видео-конференцијата на земјите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи оцени дека кризата поради пандемијата Ковид-19 не ги намали напорите или амбициите на ЕУ кон регионот на Западен Балкан, што е „во срцето на Европа“.

„Кризата ја натера Комисијата и јас лично да работиме уште повеќе. Задоволство ми е што можам да кажам дека земјите од регионот не се предадоа, но цврсто се придржуваа кон нивните обврски за ЕУ“, рече Вархеи.

Тој во говорот нагласи дека пандемијата на коронавирусот јасно потврдила дека ЕУ и Западен Балкан можат да работат заедно, да најдат заеднички решенија и да се потпираат едни на други.

„Тоа значи дека ние исто така можеме да се опоравиме заедно и да излеземе од оваа криза посилно“, рече комесарот Вархеи.

Комесарот за проширување оценува дека соработката и поддршката на ЕУ и Западен Балкан во борбата против пандемијата се одвива во вистински дух на солидарност. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close