0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Вархеји: Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка за Северна Македонија

Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка. Тоа е следен чекор во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија, по што многу брзо ќе почнеме да работиме на тоа во Советот на ЕУ, со цел земјите-членки да ја одобрат и да продолжиме со процесот на пристапување.

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка. Тоа е следен чекор во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија, по што многу брзо ќе почнеме да работиме на тоа во Советот на ЕУ, со цел земјите-членки да ја одобрат и да продолжиме со процесот на пристапување.

Ова денеска го изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на панел дискусијата „Пристапување во ЕУ на Западен Балкан: Кредибилност, предвидливост и политичко водство“, во рамки на Економскиот форум Делфи, што се одржува видеоконференциски од Атина.

На панелот учествуваа и лидерот на СДСМ Зоран Заев, заедно со премиерите на Албанија и на Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, а преку видео порака на форумот се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Во споредба со минатиот октомври, сега имаме нова методологија за процесот на проширување и успеавме да донесеме одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, рече Вархеји, додавајќи дека за Европската комисија, уште од првиот ден кога стапил на функцијата, односите со Западен Балкан се еден од највисоките приоритети.

Еврокомесарот оцени дека сите овие напори не можеа да се случат доколку Северна Македонија и Албанија не испорачаа резултати. – Тие испорачаа и затоа за нив во пакет беше донесена одлука за почеток на преговори од страна на Советот на ЕУ, рече Вархеји.

Тој изрази жалење што големиот економско-инвестициски план за регионот има мало одложување поради ситуцијата со коронакризата, но изрази надеж оти истиот ќе може да го презентира на почетокот на есента.

– Кризата со Ковид за жал малку ја прекина нашата работа, но сепак успеавме да обезбедиме поддршка преку инструментот за финансиска помош во износ од 3,3 милијарди евра за време на кризата, и ја покажавме нашата солидарност и важноста да останеме заедно со земјите од Западен Балкан преку самитот во Загреб, каде што одржавме видео-конференција со лидерите од тој регион, посочи Вархеји.

За еврокомесарот тоа беше многу важен знак колку се посветени кон тоа Западен Балкан да стане интегрален дел од Европската Унија. нд/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close