0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Вархеји: Регионот да работи повеќе да ја зголеми довербата во институциите, корупцијата главен проблем

Од друга страна, за напредокот на земјите кон членство во ЕУ ни требаат владите да продолжат да ги исполнуваат реформите. Натамошна работа е непходна за владеењее на правото, борбата против корупцијта, организираниот криминал, ова се суштинкси предуслови за привлекување странски инвестиции, економски раст и зголемувае на бројот на работни места, истакна Вархеји.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Европската Унија е сериозно посветена на европската перспектива на Западен Балкан и тоа еден од нејзините главни приоритети што има за цел да ги исполни. Од друга страна, за напредокот на земјите кон членство во ЕУ е неопходно владите од регионот да продолжат да ги имплементираат суштинските реформи. Регионот треба да работи повеќе да ја зголеми довербата на граѓаните во институциите.

Ова денеска го изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји на презентацијата на Балканскиот барометар (ББ2020) што се одржува он лајн во организација на Регионалниот совет за соработка.

Вархеји истакна дека во наредните денови Европската комисија ќе ја претстави Нацрт преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија во Советот на ЕУ, заедно со ажурираниот извештај за напредокот на овие две земји.

– Од друга страна, за напредокот на земјите кон членство во ЕУ ни требаат владите да продолжат да ги исполнуваат реформите. Натамошна работа е непходна за владеењее на правото, борбата против корупцијата, организираниот криминал, ова се суштински предуслови за привлекување странски инвестиции, економски раст и зголемувае на бројот на работни места, истакна Вархеји.

Според него, видливи резултати во овие реформи не само што ќе овозможат побрз напредок во преговорите, туку тоа го очекуваат и самите граѓани.

– Корупцијата е рангирана како еден од најголемите проблеми во регионот, што го покажува и самиот Балкан барометар – 71 отсто од граѓаните сметаат дека нивните влади не се борат успешно против корупцијата, во споредба со 61 процент во 2018 година

Еврокомесарот рече дека ова истражување покажува детален преглед како граѓаните на Западен Балкан ги перцепираат политиките на владите во регионот, како и на самата ЕУ.

– Две работи за мене се особено значајни во ова истражување. Педесет и девет проценти од граѓаните на Западен Балкан сметаат дека членството во ЕУ ќе биде добра работа и претставува зголемување од десет отсто за разлика од претходните две години и тоа е добар знак. За жал, 26 проценти од граѓаните веруваат дека членството во Унијата никогаш нема да се случи. И оваа бројка исто така бележи зголемување за разлика од претходните години, рече Вархеји.

Според него, ова од друга страна може да се рефлектира врз неизвесноста за европската перспектива на регионот по неколку неубедливи дискусии за отворање преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, нешто што сега е предмет на минатото и како што рече, сега успеавме да ја надминеме таа пречка и да отвориме преговори со овие две земји.

– Оттогаш, презедовме многу значајни чекори – во февруари ја предложивме новата ревидирана методологија со цел да го направиме покредибилен и подинамичен процесот на преговори, второ, и покрај Ковид пандемијата успеавме да постигнеме договор за почеток на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија во март, за жал нашата работа имаше мал прекин поради Ковид пандемијата, но успеавме да обезбедиме пакет финансиска помош за Западен Балкан во износ од 3,3 милијарди евра заедно со Европската инвестициска банка, потсети Вархеји.

Додаде дека на Самитот во Загреб во мај и покрај пандемијата со коронавирусот испративме силен сигнал и посветенот на ЕУ кон регионот, преку планот за економски развој, што треба да биде претставен на есен.

– Регионалната соработка продолжува да се зајакнува и мнозинството граѓани сметаат дека таа придонесува за подобрување на политичката, економската и безбедносната состојба во нивните земји – 77 отсто, а 65 проценти од нив сметаат дека она што ги зближува граѓаните на Западен Балкан е повеќе важно од она што нè раздвојува. Брзото ширење на Ковид-19 беше мрачен потсетник за сите нас како катастрофите ги игнорираат границите и таа соработка е можеби единствениот план за „Посилни заедно“, рече Мајлинда Брегу, генерален секретар на Советот за регионална соработка.

Таа истакна дека податоците од Балкан барометарот покажуваат дека 72 отсто од жителите на ЗБ сметаат дека пандемијата е голем ризик за нивните национални економии. Вкупно 68 отсто граѓани се загрижени за работните места на нивните членови на семејството и само една третина од нив се задоволни како нивните влади се погрижиле со цел луѓето да не ја загубат работата.

– Во исто време, Балкан барометарот открива дека за време на карантинот, 65 отсто од жителите на ЗБ кажале дека ја ценат странската помош, која во поголем дел е од ЕУ. Мнозинството, 59 проценти, го поддржуваат членството во ЕУ, додека 71 отсто ја сметаат ЕУ како важен партнер на регионот, рече Брегу.

Во врска со корупцијата, на прашањето кој е најмногу корумпиран, 83 отсто од жителите на ЗБ ги посочиле политичките партии, 80 отсто судството, 79 проценти царината, 76 отсто здравствените работници и 76 отсто парламентите.

Балкан барометарот покажува големо зголемување на процентот на граѓани кои се загрижени поради „одлив на мозоци“. Тој процент изнесувал нула во 2015 година, додека сега е 20 отсто. Седумдесет и еден процент од младите на Западен Балкан сакаат да заминат да работат во странство.

Балкан барометарот покажува дека 60 отсто од бизнис операторите ја намалиле својата активност поради пандемијата со Ковид-19, додека 21 отсто или времено или целосно го затвориле својот бизнис.

На панелот Балкан барометар 2020 говореа и шефот на дипломатијата Никола Димитров, албанскиот министер за Европа и за надворешни работи Гент Цакај, како и Женовев Руиз Калвера од Генералната дирекција на Европската комисија за соседство и преговори за проширување.

Балкан барометарот го финансира Европската Унија. Балкан барометар 2020, е годишно истражување на јавното мислење и на економисти кое го спроведува РСС, се занимава со перцепции и очекувања во поглед на животот и работата, преовладувачки општествено-економски и политички трендови, како и регионална и европска интеграција на Западен Балкан.

Во изданието за 2020 за првпат се претставени перцепции и мислења за влијанието на пандемијата на вирусот Ковид-19. нд/дма

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close