0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Вархеји пред ЕП: Скопје и Тирана да добијат датум за почеток на преговорите пред состанокот во Загреб во мај

Европската комисија очекува Скопје и Тирана да добијат датум за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија пред состанокот во Загреб во мај, посветен на Западен Балкан. Тоа го соопшти пред Европскиот парламент комесарот за проширување и соседство, Оливер Вархеи.

Брисел, 10 февруари 2020 (МИА) – Европската комисија очекува Скопје и Тирана да добијат датум за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија пред состанокот во Загреб во мај, посветен на Западен Балкан. Тоа го соопшти пред Европскиот парламент комесарот за проширување и соседство, Оливер Вархеи.

Тој додаде дека ЕК има за цел да го забрза напредокот на регионот кон јасна европска перспектива.

Вархеј нагласи дека измените во правилата за пристапни преговори предложени од Комитетот пред неколку дена предвидуваат појасни барања за земјите кандидати и појасни последици во отсуство на напредок.

Според него, доколку повторно се одложи решението за одредување датум за почеток на преговорите со Скопје и Тирана, тоа ќе ја доведе во прашање стабилноста на регионот и ќе се отвори простор за странските сили. Вархеи ја повика ЕУ повеќе да ги третира земјите кандидати како земји од Заедницата.

Европската народна партија ги поддржа измените предложени од Комисијата и изрази надеж дека Северна Македонија и Албанија ќе добијат датум пред мај.

Социјалистите и демократите ја поздравија ЕК за предлогот, што има за цел да се избегне натамошна стагнација во односите со Скопје и Тирана. Според таа парламентарна сила, новото одложување на одредувањето датум за двата главни града би ги доведело во прашање долгогодишните реформи.

Групата Обнови ја Европа ги поддржа измените, но повика да не се дозволи нов неуспех откако ЕУ не успеа да го одреди почетокот на разговорите со Северна Македонија и Албанија, минатата есен.

– Точно е дека не можеме да даваме ветувања што не можеме да ги исполниме, рече европратеникот Илхан Ќучук, кој го претстави мислењето на групата. Се надеваме дека овој пат нема да има изненадувања во последен момент, додаде тој.

Екстремно-десничарската Група Идентитет и демократија, пак, не ја поддржа ЕК и рече дека Албанија страда од корупција, криминал и недостаток на демократска култура. Според таа патламентарна група, Комисијата не ставила доволно акцент на безбедносното прашање во идните преговори за проширување на ЕУ.

Зелените ги поздравија промените предложени од ЕК, истакнувајќи дека во случајот со Србија, владеењето на правото и слободата на медиумите се влошиле уште од почетокот на преговорите за пристапување.

Европската група на конзервативци и реформатори ја повика ЕУ да извлече поуки од минатото и да се увери дека европските даночни обврзници не мора да ги покриваат трошоците на сиромашните нации. зш/вг/

Back to top button
Close
Close