БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Вархеји: Помошта од ЕУ за Србија поради вирусот е 93 милиони евра

Од тие средства, 15 милиони евра издвоени се за непосредни потреби, а 78 милиони евра за краткорочни и среднорочни потреби, изјави Оливер Вархеји, комесар на ЕУ за проширување.

 

Белград, 23 јуни 2020 (МИА) Деведесет и три милиони евра изнесува помошта на ЕУ за Србија во борбата против кризата со коронавирус.

Од тие средства, 15 милиони евра издвоени се за непосредни потреби, а 78 милиони евра за краткорочни и среднорочни потреби, изјави Оливер Вархеји, комесар на ЕУ за проширување.

Според него, директната помош од 15 милиони евра искористена е за финансирање на 15 авионски летови и други транспортни трошоци на повеќе од 720 тони медицинска опрема за итни случаи, а покрај тоа, ЕУ директно купила и донирала опрема за да и помогне на Србија да се справи со здравствената криза.

-ЕУ во моментов разговара со властите за најдобриот начин да и помогне на Србија да се справи со социо-економската криза на краток и среден рок, изјави Вархеји.

Тој додаде дека Србија, ќе има корист од пакетот од 455 милиони евра, наменет за подршка на приватниот сектор во регионот на Западен Балкан, додавајќи дека фокусот ќе биде на малите и средни претпријатија.

-Поддршката на ЕУ за Србија ја вклучува и можноста за учество во механизмите за поддршка низ цела Европа. Србија учествува во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, таа е дел од Заедничката спогодба за набавки на ЕУ и ги исполнува условите за помош во рамките на Фондот за солидарност на ЕУ. Србија исто така има корист од механизмите на ЕУ закоординација на јавното здравје и подготвеноста за пандемијата, истакна Вархеји.

Тој оцени дека помошта што ЕУ и ја дава на Србија е „значајна“ и дека е во интерес на ЕУ да покаже солидарност со остатокот од светот. об/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close