БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Вархеји: Очекувам чесни избори во Србија

Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји изјави дека очекува претстојните парламентарни избори во Србија, закажани за 21 јуни, да бидат фер и ги повика сите политички партии активно да учествуваат.

Белград, 29 мај 2020 (МИА) – Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји изјави дека очекува претстојните парламентарни избори во Србија, закажани за 21 јуни, да бидат фер и ги повика сите политички партии активно да учествуваат.

– Се надевам дека ова ќе бидат чесни избори и дека Србија потоа ќе добие уште посилна влада, која ќе може да ги забрза реформите за да може напредокот да биде уште поголем, изјави Вархеји по потпишувањето на Финансискиот договор за првиот дел од ИПА програмата за Србија за 2020 година.

На прашањето на новинарите што очекува од изборите во Србија, Вархеји кажа дека ниту еден комесар не може да се меша во националните избори, но дека „сè уште има некои прашања што треба да се решат кога станува збор за учество на изборите“.

– Изборите се потврда за демократијата и затоа ги охрабрувам сите активно да учествуваат во нив, кажа еврокомесарот.

Тој зборувајќи преку видео-врска, додаде дека ЕУ ќе и обезбеди поддршка на Србија во форма на надзор и следење на изборите и дека очекува сите правила да бидат почитувани.

ЕУ и утврди на Србија 70 милиони евра неповратни средства во рамки на првиот дел од ИПА програмата за 2020 година, а финансискиот договор за тоа беше потпишан денеска во Белград, во присуство на претседателот Александар Вучиќ.

Фокусот на првиот дел од ИПА програмата за 2020 година се локалниот развој, конкурентноста и вработеноста.

За конкурентност, земјоделство, иновации и рурален развој, издвоени се 30 милиони евра за 450 микропретпријатија, стартапи и организации за поддршка на бизнисот во помалку развиените региони на Србија.

Посебен фокус е ставен на зајакнување на капацитетот за надзор и реакција на заразни болести, по пандемија на коронавирусот, а за тоа, како и за вработување, едукација и социјална заштита издвоени се 25 милиони евра.

Останатите 15 милиони евра од Договорот се за поддршка на Србија во процесот на пристапување во ЕУ и поддршка на српските институции за успешно водење на процесот на евроинтеграциите. об/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close